Организација
Претседател Менде Фидановски
Претседателот на Синдикалната организација РЕК Битола ги има следните права и обврски:
- Ги свикува и раководи со седниците на Извршниот одбор.
- Предлага Програма за работа на Извршниот одбор.
- Ја претставува Синдикалната организација во односите со трите лица.
- Дава предлози за отповикување на неактивните членови на Извршниот одбор и врши разрешување на членовите на Извршниот одбор кои работат спротивно на Статутарните правила и интересите на Синдикалната организација.
- Иницира активности и предлага мерки по актуелни прашања од интерес на членството.
- Врши други работи согласно Статутарните правила.
Претставници на Синдикалната организација во Извршниот одбор се :
- Ристо Николовски – синдикален претставник за ПЕ Термоелектрана.
- Веби Демировски – синдикален претставник за ПЕ Рудници.
- Синиша Матевски – синдикален претставник за ПЕ Рудници.
Членовите на Синдикалната организација избираат членои на Извршниот одбор на Синдикалната организација на општи, непосредни и слободни избори во рамките на организациониот дел во кој ги извршуваат работите и работните задачи.
Изборот на членовите на Извршниот одбор во Синдикалната подружница се одржуваат секоја петта година.
Мандатот на членовите на органите во Синдикалната организација и Претседателите на Синдикалните подружници трае 5 години, со можност за потврден извор по истекот на мандатот.
Доколку мандатот на членовите на органите во Синдикалната организација и Претседателот на Синдикалната организација им престане од било кои причини, мандатот на новоизбраниот член му трае до истекот на времето за кое бил избран членот на кој му престанал мандатот.
Изборот на органите на Синдикалната организација се спроведуваат едновремено. Синдикалната организација на Подружницата РЕК Битла има Надзорен одбор составен од 3 (три) члена кои врши контрола во остварувањето на материјалното –финансиското работење на Синдикалната организација и во распределбата и употребата на финансиските средства и другиот имот на Синдикалната организација.
