За нас
Синдикалната организација на Подружница РЕК Битола при МЕСО е формирана во март 2018 година Инаку, синдикалното организирање во РЕК Битола датира од формирањето на комбинатот.
Синдикалната организација на Подружница РЕК Битола ја раководи Претседател и Извршен одбор составен од 15 членови.
Извршниот одбор на Синдикалната организација зазема ставови, донесува одлуку, заклучоци и предлага начини за решавање на прашањата кои влијаат на економската, материјалната и социјалната положба на работниците-членовите на Синдикалната организација.
Синдикалната организација ги остварува следните функции и задачи:
- Ја разгледува економската и социјалната положба на членството, покренува иницијативи, барања и предлог решенија за решавање на поединечни прашања.
- Учествува во донесувањето на актите со кои се регулира опшествено – економската и социјална положба на работниците.
- Учествува во донесување и спроведување на Колективниот договор во Друштвото и другите акти од интерес на работниците.
- Ги штити работниците и нивните социјални права и ги застапува членовите во остварувањето на правата од работен однос во Друштвото и надвор од него.
- Дејствува во создавање услови во областа на заштитата на работата и заштитата на животната и работната средина.
- Обезбедува услови за културен и уметнички живот, рекреација, одмор и физички култури.
- Се грижи за навремено вистинито информирање на членството.
- Се залага за утврдување на прашањата за кои пред одлучувањето на органите на друштвото се бара претходно изјаснување на синдикатот.
- Остварува контакти и соработки во Синдикални подружници од други Друштва.
Извршниот одбор ги врши следните работи:
- Донесува своја Програма за работа.
- Обезбедува услови за вистинито и благовремено информирање на членството за синдикалната активност.
- Ги спроведува одлуките и заклучоците на Синдикалната организација.
- Споведува изборни активности во Синдикалната организација.
- Врши и други работи кои се во интерес на членството.
Членовите на Извршниот одбор се должни:
- Пред членовите на Синдикалната организација да го објаснуваат синдикалното делување, придобивките од синдикалните активности, да даваат тоолкување на Колективниот договор и правата на членовите на Синдикалната организација.
- На секој нов член на Синдикалната организација да го објаснат Статусот, задачите, организационата поставеност, правата и должностите кои произлегуваат од членството во Синдикалната организација
- Да го иинформираат членството за сите активности на Синдикалната организација.
- Да им помагаат на членовите во совети и информации.
- Извршниот одбор од редот на своите членови избира Претседател на Извршниот одбор.
- Претседател на извршниот одбор во исто време е и Претседател на Синдикалната организација и ја претставува во односите со трите лица.
- Претседател на Извршниот одбор можее да биде работник кој бил најмалку четири години на Синдикалната организација.
- Преетседател на Извршниот одбор не може да биде работник кој во исто време е раководител на одделение, служба или сектор.
