Сонувајте големо, возете подобро!

ЗА НАС

Сонувајте големо, возете подобро!

Нашиот пристап

Приказната започна од едноставна идеја а тоа е да го направиме американскиот пазар на возила достапен и разбирлив за секого во Македонија.

Ние сме тим од луѓе кои со години се вљубеници во автомобилизмот и кои поминале долго време во истражување и работа со американскиот пазар. Научивме како да ги препознаеме најдобрите прилики, како да ги избегнеме скриените трошоци и како да обезбедиме најбрз и најсигурен транспорт.

about 02 free img

Зошто да нè одберете нас?

Три причини кои прават разлика

Долгогодишно искуство на терен

Години работа, стотици увезени возила и задоволни клиенти. Искуството е нашата најголема предност.

Гаранција дека добивате возило со реална вредност

Секое возило се проверува детално - историја, состојба и километража. Без скриени детали и изненадувања.

Проверен

квалитет

Работиме само со проверени извори и аукции, со јасни фотографии и целосна документација.

НАША МИСИЈА

Ветување за квалитет

Нашата мисија е едноставна – довербата се гради со искреност. Свесни сме дека купувањето „на невидено“ од друг континент може да биде стресно. Токму затоа, ние не сме само посредници. Ние сме ваши партнери на терен. Тука сме да го споделиме нашето искуство, да ве советуваме за изборот и да се погрижиме секој детал од логистиката да биде совршено извршен.

Изберете автомобил со чиста документација и беспрекорна логистика. Ваш избор, наша одговорност.